
Тапара Тампере дојде на само еден чекор од одбрана на титулата на финската хокеарска Лиига, откако поведе со 3-1 во големото финале.
Имено, во четвртиот дуел од последната меѓусебна серија, актуелните шампиони како гости ги добија Пеликанс со 1-3.
Победничкиот состав постигна по еден погодок во секоја третина, а во листата на стрелците влегоа Бен Томас, Вели-Мати Савинаинен и Валтери Мерела.
На другата страна, конечниот резултат го постави Тајлер Келер на една минута пред крајот.