
АК Барс Казањ ја спаси првата ,,меч-топка” на ЦСКА Москва и ја намали меѓусебната серија на вкупни 3-2.
Во петтиот дуел од финалето, ,,Зелените” триумфираа над своите ривали од Западната конференција со резултат од 2-1 после пресврт.
Предност на гостите им донесе Прохор Полтапов на четири секунди пред истекот на првата третина.
Сепак, со по еден гол во наредните два периоди, победа на АК Барс му донесоа Александер Радулов и Станислав Галиев.