
Во осмото дерби на Флорида во 2022 година, Тампа Беј Лајтнинг, по седми пат, славеше над Флорида Пантерс.
Синоќа, ,,Молњите” ги поразија ,,Пантерите” на гостински терен со 2-3 после продолжение.
Во првиот дел, Стивен Стамкос им донесе водство на гостите, но заклучно со втората третина, Метју Ткачак и Рудолфс Балцерс стрелаа за пресврт на домаќините.
Во третиот период, Брејден Поинт избори продолжение, а истиот играч му донесе победа на тимот на Тампа Беј после две дополнителни минути.
За Тампа, ова беше втор овосезонски триумф, доволен за дванаесеттото место во Источната конференција, додека Флорида ја зазема четвртата позиција.




