Единствениот синоќешен натпревар од НХЛ го одиграа екипите на Детроит Ред Вингс и на Тампа Беј Лајтнинг.
Имено, Лајтнинг успеаја да слават со 1-2 и на тој начин да го возвратат ударот за поразот после пенали од еден ден претходно.
За Тампа Беј, на овој меч, во првата третина стрелаше Блејк Колман, додека во втората, мрежата на Џонатан Берниер ја затресе Михаил Сергачјов.
Од друга страна, единствениот погодок за домаќините беше дело на Филип Задина за намалување на 1-2.
На табелата на Централната дивизија, Тампа Беј го држи второто, а Детроит – седмото место.