Дербито на Истокот во НБА, синоќа го одиграа екипите на Милвоки Бакс и на Бруклин Нетс.
Накрај, до втората победа во низа дојдоа Бакс, кои славеа над гостите од Њујорк со 117-114.
Во текот на цел натпревар преовладуваше неизвесноста, а предноста воглавно беше едноцифрена и варираше на двете страни.
Маестрална партија за Бакс одигра Јанис Антетокумбо, кој забележа 49 поени, 8 скокови и 4 асистенции.
Од неговите соиграчи, Крис Мидлтон уфрли дабл-дабл од 26 поени и од 11 скокови.
Кај Нетс, најжногу се истакна Кевин Дурент со 42 поени и со 10 скокови, а дабл-дабл запиша и ДеАндре Џордан со 10 кошеви и со 11 скокови.
На табелата на Источната конференција, Бруклин (43-22) ја држи втората, а Милвоки (40-24) – третата позиција.