„Сувенир“ е новата песна и спот на Драган Величковски- Тајзи кој го објави пред некое време. Песната е авторско дело на Тајзи и Лазар Цветковски, а спотот е снимен во Офицерскиот дом во Битола, како и на уште неколку локации во градот.
Во видеото режирано од Дарко Митев и Тајзи, покрај пејачот се појавуваат и македонските модели Патриција и Андреа.