
Во тринаесеттото коло од англискиот Чемпионшип, Свонси го совлада Вотфорд на гостински терен со 1-2.
За тренерот на Вотфорд, Славен Билиќ, ова беше прв натпревар пред своите навивачи, кој следеше после триумфалното деби од 0-4 над Стоук.
После првото полувреме, ,,Стршлените” имаа предност од 1-0, откако мрежата на Стевен Бенда ја затресе Исмаила Сар (34′).
На почетокот на вториот период, Оливие Нчам (52′) израмни на 1-1, а првиот триумф на Велшаните на ,,Викериџ Роуд” после пет години им го донесе Бенџамин Кабанго (90+8′) во судиското продолжение.
Овој меч беше продолжен за цели седумнаесет минути, поради дефект со комуникациските средства на судиите во финишот на регуларниот дел.
На табелата, Свонси влезе во плејоф-зоната на шестото место, потиснувајќи го Вотфорд на деветтата позиција.




