Во последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната во МЛБ, ЛА Доџерс славеа над Колорадо Рокис со 6-1.
Во вториот ининг, гостите од Денвер поведоа со 1-0, благодарение на првиот хоум-ран во 2022 на Езекиел Товар.
Сепак, до крајот, претставниците на Калифорнија поентираа шест пати преку Фреди Фримен, Треј Тарнер, Муки Бетс, Џои Гало, Коди Белинџер и Мигел Варгас, а стартниот фрлач, Клејтон Кершоу, освои девет страјк-аути.
Во Националната лига, Доџерс (111-51) го освоија убедливо првото место и ја прескокна првата вајлд-кард рунда од плејофот.
Од друга страна, Колорадо (68-94) заврши на дванаесеттата позиција.