
Шведскиот лизгач, Нилс ван дер Поел е незапирлив на тековните Зимски олимписки игри во Пекинг.
25-годишниот натпреварувач постави нов олимписки рекорд на 5000 метри и го освои златото во истата дисциплина пред само пет дена.
Денес, ван дер Поел отиде едно скалило повисоко и на 10000 метри замина со олимписко злато и со нов светски рекорд од 12:30,74 минути.
На второто место, со речиси четиринаесет секунди заостаток, заврши вицешампионот на пет километри – Патрик Рест (12:44,59).
Најголемиот успех во својата кариера го направи Италијанецот Давиде Гјото (12:45,98), кој го освои бронзениот медал на неочекуван начин.
Пласманот во првите пет го комплетираа уште Јорит Бергсма (12:48,94) и Александр Румјанцев (12:51,33).




