
Во финалето на брзо лизгање на кратки патеки на 1000 метри, Сузане Шултинг ја одбрани титулата од Пјонгчанг 2018.
Холанѓанката (1:28,319) беше најбрза на патеката, доаѓајќи до четвртиот олимписки медал во својата кариера, притоа станувајќи првата жена после 1998 со две последователни злата на ЗОИ на 100 метри.
На второто место се пласираше Корејката Мин-џеонг Чои (1:28,443), а среќно, до бронзата дојде Хана Десмет (1:28,928).
Десмет, иако важеше за аутсајдер, го освои својот прв олимписки медал, откако во последниот круг паднаа двете други финалистки што се бореа за подиум – Кристен Сантос (1:42,745) и Аријана Фонтана (казнета).
Во квалификациите, една од најголемите претендентки за пиедестал, Ким Бутан, беше првопласирана, но падна на само пет метри пред целта и остана без пласман во понатамошната фаза.




