Викендов продолжува вториот дел од натпреварувачката сезона во Прва МФЛ, а утре има два натпревари и тоа во Тетово, ЖФК Шкендија ќе ја нагости екипата на ЖФК Ас Јунајтед од Струга и вториот саботен меч е помеѓу ЖФК Атлетико од Битола и ЖФК СЦ Истатов од Доран.

Во недела на програмата се сите останати двојки каде што бранителот на трофејот, тимот на ЖФК Каменица Саса ќе се соочи против ЖФК Кочани, додека дерби на колото е натпреварот во Струмица помеѓу ЖФК Товерија и ЖФК Скопје. Бо меѓудругото ќе биде интересно да се проследи натпреварот помеѓу ЖФК Љуботен против ЖФК Топ Гол од Битола на теренот во Тетово и дебито на скапите странски засилувања на домашниот тим.



