“Аманет” е новиот дует на познатата македонска фолк пејачка Сузана Гавазова и познатиот ромски пејач Бернард. Музиката за оваа најнова песна е на младиот Бернард, аранжманот го подготви Минтаз Мемедов, а текстот Орце Зафировски. Песната е снимена во студиото на Минтас Мемедов “Минти Стар”. Саксофонот го отсвири Исо Ајдинов, додека пак миксот и мастерингот на истата го направи Саша Диниќ. Видеото е дело на ИН Продукција.
Уживајте!