
Синоќа, Јута Џез ги поразија Сан Антонио Спарс со 110-99 и на тој начин дојдоа до третата последователна меѓусебна победа.
На мечот, најповолниот резултат што го имаше екипата на Сан Антонио беше 0-0, бидејќи Јута цело време имаше резултатска позитива.
Накрај, од победничкиот состав, во отсуство на Донован Митчел, најефикасен беше Бојан Богдановиќ со 25 поени, а дабл-дабл уфрли Руди Гобер (24 поени и 15 скокови).
Кај Спарс, со 22 кошеви, најдобра партија имаше ДеМар ДеРоузан.
На Западот, Сан Антонио (31-33) падна на десеттото место, додека Јута (47-18) го држи самиот врв.



