Петтата трка од Мото 2 категоријата, одржана во Алгарве (Португалија), се состоеше од два дела.
Причината за прекинот беше стравотниот инцидент во осмиот круг, кога повеќе возачи излетаа од патеката.
Иако целата ситуација потсети на хорор поради експлозијата на еден од мотоциклите, сите натпреварувачи во свесна состојба ја напуштија патеката.
Рестартот на трката траеше седум кругови и во нив, најдобро се снајде Џоу Робертс.
За него, ова е прва победа во кариерата, која го направи прв Американец што славел во втората класа после Џон Кочински во 1990.
Лидерот во генералниот поредок, Челестино Виети, го освои второто место, а подиумот го комплетираше Хорхе Наваро.
Во продолжение, во првите десет се пласираа уште: Марсел Шротер, Мануел Гонзалез, Џереми Алкоба, Фермин Алдегер, Бо Бендснајдер, Бери Балтус и Габриел Родриго.