
Во четиринаесеттото коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го порази Вест Хем со минимални 1-0.
Единствениот погодок на мечот беше постигнат од Маркус Рашфорд (38′) во првото полувреме по третата овосезонска асистенција на Кристијан Ериксен.
За Англичанецот, ова беше јубилеен стоти гол за ,,Црвените ѓаволи”, станувајќи нивен прв играч со над сто погодоци после Вејн Руни од 2009.
Клубот од Манчестер ја продолжи својата серија на пет лигашки мечеви без пораз, доволна за петтото место на табелата.
Од друга страна, Вест Хем загуби по вторпат на последните три дуели и моментално ја зазема тринаесеттата позиција.