Втора недела по ред, биатлонците од Светскиот куп ќе се натпреваруваат во германскиот Оберхоф.
На денешната програма, мажите имаа спринт-трка на десет километри со по две пукања.
До третата овосезонска победа и вкупно 51. индивидуална во кариерата, дојде Јоханес Тингнес Бо (24:43,6), кој повторно издоминира во оваа дисциплина.
Неговиот сонародник, Стурла Холм Лагреид (+12,4) го освои второто место, а по нив следуваа двајцата Германци – Арнд Пајфер (+27,9) и Ерик Лесер (+30,6).
Сите наведени четири скијачи имаа стопроцентен стрелачки учинок.
📸 Matthias Hangst/Bongarts/Getty Images