
По четврт пат на последните пет меѓусебни натпревари, Ст. Луис Блус запишаа победа над Нешвил Предаторс.
Синоќа, на домашен терен, Блус ги поразија своите ривали со минимални 1-0 после продолжение.
Човек на одлуката беше Брејден Шен, кој стрелаше прецизно после неполни три дополнителни минути.
Освен реализаторот, важна алка за домаќините беше голманот Стјуарт Бинингтон, кој го освои вториот шут-аут во сезоната со 25/25 одбрани.
Во Западната конференција, двата тима, заедно со Ванкувер Кенакс, имаат по 27 бода и ја делат десеттата позиција.