
Екипата на Карлтон Блус доживеа шок во самата завршница и ги стави на ризик своите шанси за прв пласман во плејофот после 2013.
Имено, во претпоследното коло, Блус загубија од актуелните шампиони, Мелбурн Демонс, со (11.13) 79-74 (10.14).
На мечот, Мелбурн ја имаше позитивата на своја страна во поголемиот дел, но Карлтон успеа да се врати во игра и да поведе со 73-74 во самиот финиш.
Сепак, на четиринаесет секунди пред крајот, Кајзеа Пикет постигна победоносен гол за Демонс и ги скрши срцата на навивачите на номиналните гости.
Пикет (2.1) беше втор стрелец на својот тим, а поефикасен од неговите соиграчи беше само Џејк Мелкшам (4.2).
На спротивната страна, најмногу се истакнаа Џек Мартин (3.1) и Хари МекКај (3.1) со по деветнаесет поени.
На табелата, Мелбурн е трет, а Карлтон падна на осмото место, но во последното коло ќе мора да брка победа или реми против најголемите ривали, Колингвуд Мегпајс, или да се надева на пораз на Вестерн Булдогс.




