Саботниот термин од претпоследното коло на регуларната АФЛ сезона беше затворен со дербито на Западна Австралија помеѓу Фриментл Докерс и Вест Коуст Иглс.
Истото, по третпат во низа заврши во корист на Докерс, кои славеа со (9.17) 71-47 (7.5).
Имено, Фриментл дојде до три лигашки победи по ред над својот реномиран ривал за првпат после 2015.
На мечот, со исклучок на израмнетото прво полувреме, победниците имаа непрестана резултатска контрола и двоцифрена предност.
Кај поразениот состав, Џејк Вотермен (2.1) и Џек Дарлинг беа единствените фудбалери со седум, односно со повеќе поени.
На спротивната страна, најефикасни поединци беа Мајкл Волтерс (2.0) и Мајкл Фредерик (2.2).
Фриментл има сигурен плејоф и го зазема шестото место на табелата, додека Вест Коуст се наоѓаат на самото дно, на поен-разлика подобри од Норт Мелбурн Кенгарус.