Во претпоследното коло од регуларната сезона, Синсинати Бенгалс ги поразија Канзас Сити Чифс со 34-31 и им ја прекинаа серијата од осум победи.
За Бенгалс, денешниот триумф значеше и осигурување на плејофот, односно осигурување на титулата во АФК Север после 2015/16.
Канзас влезе убедливо во мечот и на полувремето водеше со навидум убедливи 17-28.
Сепак, машинеријата во нападот на Бенгалс, предводена од квотербекот Џоу Бароу (446 јарди од 30/39 комплетирања и четири тачдауни), не се предаде и дојде до посакуваната победа.
За домаќините, главен играч беше Џа’Мар Чејс, кој освои неверојатни 266 јарди од 11 фаќања и постигна три тачдауни.
Освен него, во листата на поентерите се запишаа уште Тајлер Бојд и шутерот Иван МакФерсон, кој погоди филд-гол на две секунди пред крајот.
Квотербекот на Канзас Сити, Патрик Махоумс, уфрли 259 јарди од 26/35 обиди за додавање и два тачдауни.
Од гостинскиот состав, топката во противничката енд-зона двапати ја внесе Дарел Вилијамс, а по еднаш – Демаркус Робинсон и Тревис Келси.
И покрај поразот, Чифс (11-5) останаа на врвот во Американската конференција, додека Синсинати (10-6) го зазема третото место.
Во соработка со НФЛ Македонија



