Синоќа, со поразот од 5-0 од страна на Хјустон Астрос, Колорадо Рокис ја прекинаа својата серија од четири врзани победи.
На мечот, Астрос забележија три поени во четвртиот и по еден поен во петтиот и во шестиот ининг.
За нив, по четири бази освоија пет различни играчи, односно Аледмис Диаз, Карлос Кореа, Чес МекКормик, Хозе Алтуве и Тејлор Џонс.
Од редовите на Рокис, солидна партија покажа фрлачот Џон Греј, кој за 4.1 ининзи освои девет страјк-аути, но допушти и четири поени.
Со овој пораз, Колорадо (51-62) падна на единаесеттото место во Националната лига, додека Хјустон (67-46) е второпласиран во Американската лига.