
Сан Антонио Спарс ја запишаа петтата победа на последните шест меѓусебни пресметки против Њу Орлеанс Пеликанс, откако синоќа ги надиграа со 103-107.
Натпреварот беше тесен сè до средината на четвртата четвртина, кога Спарс дојдоа до +10 што беше доволно за поволен исход.
Кај победничкиот состав, трипл-дабл постигна Деџонте Мареј (15 поени, 11 скокови и 13 асистенции), а најрасположен во офанзивата беше Келдон Џонсон со 21 кош.
Од противничкиот табор, најефикасни беа Си Џеј МекКолум со 32 и Хозе Алварадо со 23 поени.
Во Западната конференција, Пеликанс (31-43) се наоѓаат на десеттото место, односно само една позиција пред Спарс (30-44).