
Екипата на СКА Ст. Петербург закажа полуфинале на КХЛ против ЦСКА Москва, откако во четвртфиналето го елиминира Спартак Москва со вкупни 4-1.
Во петтиот меѓусебен меч во плејофот, СКА дојде до четвртата победа, триумфирајќи со 2-1.
Спартак го отвори резултатот во првата третина преку Дмитри Кугришев, кој беше единствен што ја затресе мрежата на Ларс Јохансон.
Со по еден гол во наредните два периоди, победа на ,,Армејците” им донесоа Лео Комаров и Никита Гусев.