Синоќа, серијата од пет победи на Милвоки Бакс беше прекината од страна на Сан Антонио Спарс, кои славеа со убедливи 146-125.
Спарс поставија рекорд на франшизата за најефикасно прво полувреме со 87 постигнати кошеви.
Претходниот нивен рекорд изнесуваше 84 и беше поставен против Денвер во 1984 година.
Од редовите на победничкиот состав, дури четири играчи имаа по 20 или повеќе поени: ДеМар ДеРоузан (23), Деџонте Мареј (21), Келдон Џонсон (20) и Пети Милс (20).
На спротивната страна, најпрецизни беа Јанис Антетокумбо и Крис Мидлтон со 28, односно со 23 поени.
Во Западната конференција, Сан Антонио (33-35) го држи десеттото место, додека Бакс (43-25) се трети на Истокот.