
Откако ја обезбедија првата позиција во Централната дивизија, Каролина Хурикејнс запишаа три последователни порази.
Синоќа, во последниот меч од регуларната сезона, Каролина доби ,,петарда” од Нешвил Предаторс, кои триумфираа со 5-0 и го заверија својот пласман во плејофот преку четвртата позиција.
За да дојдат до победата, претставниците на Тенеси ја затресоа мрежата на Петр Мразек по двапати во првата и во втората и еднаш во третата третина.
Стрелци за ,,Жолтите” на овој меч беа Роко Грималди, Мет Душен (х2), Рајан Јохансен и Танер Џанот.
На нивниот гол стоеше искусниот Пека Рине, кој одбрани 27/27 противнички шутеви и го запиша својот втор овосезонски шут-аут.



