
За првпат после 29 октомври 2017, Индијана Пејсерс, на домашен терен, ги поразија Сан Антонио Спарс, откако синоќа славеа со 131-118.
На мечот, гостите од Тексас имаа само едно водство при 10-11, а во остатокот од играта, Пејсерс најчесто водеа со двоцифрена разлика.
Од редовите на Индијана произлегоа петте најдобри стрелци на овој меч, од кои, Домантас Сабонис запиша дабл-дабл (24 поени и 13 скокови), а веднаш по него следуваше Мајлс Тарнер (19 поени).
Освен нив, најминималниот дабл-дабл учинок го запиша и Ти Џеј МекКонел со 10 кошеви и со 10 асистенции.
Кај Сан Антонио, вкупно осум играчи имаа двоцифрен број на постигнати поени, а најефикасни беа Деџонте Мареј (16) и Девин Васел (15).
Со новиот триумф, Индијана (2-6) скокна на тринаесеттата позиција на Истокот, додека Спарс (2-5) се дванаесетти на Западот.