Софија Гоџа стана Италијанката со најмногу победи во спуст во Светскиот куп во алпско скијање.
Имено, Гоџа (1:47,81) ја запиша тринаесеттата победа во најбрзата дисциплина, откако славеше во канадскиот Лејк Луис.
Позади неа, во само шест стотинки, подиумот го окупираа Корин Сутер (+0,04) и Корнелија Хитер (+0,06), а под една секунда доцнеа вкупно шест скијачки.
Од нив, во топ 5 завршија уште Мирјам Пухнер (+0,35) и Илка Штухец (+0,42).