
Колумбус Блу Џекетс, синоќа, ги совладаа Винипег Џетс со 1-4 и го запишаа првиот меѓусебен триумф после 2017.
Заклучно со втората третина, Блу Џекетс веќе водеа со 0-4 со головите на Патрик Лаине (х2), на Ерик Гудбрансон и на Густав Никвист.
Домаќините успеаја да дојдат само до почесен погодок на четири и пол минути пред крајот, благодарение на Пјер-Лук Дубуа.
Херој за гостинскиот состав беше голманот Јоонас Корписало, кој имаше 37/38 одбрани (97,37%).
Во Западната конференција, Винипег падна на петтото место, додека Колумбус остана на дното на Истокот.