
Сибир Новосибирск не успеа да ги искористи домашниот терен и фаворитската улога и загуби од Сочи со 1-2.
За ,,Леопардите”, денешната победа е само трета меѓусебна на гостински терен во КХЛ, односно трета на последните четири лигашки средби.
После првата третина, Сибир водеше со 1-0, откако во дванаесеттата минута, прецизно стрелаше Александер Шаров.
Русинот беше единствен хокеар што успеа да ја затресе мрежата на Максим Третијак, кој го заврши мечот со 29 одбрани.
Во втората третина, гол за израмнување на Сочи постигна Мартин Бакош, а на три минути пред крајот, целосниот пресврт го комплетираше Васили Глотов.
Непосредно по натпреварот, Сочи остана на десеттото место на Западот, додека Сибир ја држи шестата позиција на Истокот.