На денешната програма од Светското првенство во крос-кантри во Оберстдорф, беше машката штафетна трка (4х10 км).
После првата измена, Алексеј Червоткин им донесе на Русите огромна предност од 44,7 секунди, којашто Иван Јакимушкин ја испушти за неполни пет километри.
На мерното време на дваесет километри, Норвешка и Финска менуваа први, додека Русија менуваше како шеста (+23,6), а помеѓу нив, штафетата ја предадоа Швајцарија, Франција и Шведска.
Третата постава на патеката, најмногу им отиде во прилог на Норвежаните, кои се издвоија на првото место со голема предност пред Франција (+25,5), Шведска (+25,7), Финска (+34,5) и Русија (+35,0).
До крајот, на Јоханес Клебо му остана само рутински да отскија до единаесеттиот златен медал во низа за Норвешка во оваа дисциплина, со вкупно време од 1:52:39,0.
Последниот норвешки скијач му дозволи на Александер Болшунов да го престигне и да скија рамо до рамо со него сè до последните триста метри, кога го изведе својот молскавичен спринт.
Накрај, со заостаток од 12,0 секунди, Русите мораа да се задоволат со второто место.
Во битката за бронзата, исто како и на минатото СП, најдобро се покажа Франција (+1:12,6), која дојде до првиот медал оваа година во Оберстдорф.
До крајот, само тринаесет селекции имаа финален пласман, со оглед на тоа што останатите беа претекнати за цел круг.
Помеѓу нив се најдоа: Шведска (+1:16,5), Швајцарија (+1:32,2), Финска (+1:49,4), Германија (+2:37,9), САД (+2:53,7), Јапонија (+4:19,3), Канада (+4:31,9), Чешка (+4:58,1), Казахстан (+7:41,2) и Естонија (+8:11,9).
Состави:
Норвешка: Паал Голберг, Емил Иверсен, Ханс Кристер Холунд и Јоханес Клебо
Русија: Алексеј Червоткин, Иван Јакимушкин, Артјом Малцев и Александер Болшунов
Франција: Иго Лапалу, Морис Манифика, Клеман Парис и Жил Лапиер
📸 ODD ANDERSEN/AFP via Getty Images