
На денешната програма во Осло беше второто мешано тимско натпреварување во ски скокови од тековната сезона.
На него, по вторпат во низа, победа запиша селекцијата на Словенија, која е неорикосновена во оваа дисциплина.
За балканската земја настапија четири квалитетни скокачи, односно Урша Богатај, Ловро Кос, Ника Крижнар и Тими Зајц.
На второто и на третото место завршија двете селекции што освоија подиум на претходното скокање, но со обратен редослед.
Имено, за второпласираната Австрија скокаа Кјара Кројцер, Мануел Фетнер, Марита Крамер и Штефан Крафт, додека боите на ,,бронзената” Норвешка ги бранеа Ана Одине Стрем, Роберт Јохансон, Силје Опсет и Халвор Егнер Гранеруд.
Целосниот поредок го комплетираа: Јапонија, Германија, Финска, Полска и Канада.