Тримо Требње на Тоше Ончев и Милан Лазарвески во првенството на Словенија го совлада Марибор со 30:24. Тоше Ончев беше повторно најефикасен со 10 голови во својот тим. Милан Лазаревски постигна 1 гол на овој меч, но играше одлично во одбраната на својот тим.
Тоше Ончев и во минатото коло беше одличен и се закити со МВП награда кога даде исто така 10 голови во победата против тимот на Свис Иванчна Горица со 22-29.




