Гравелин како клуб и Данкерк како град, ќе му дадат максимална подршка на еден од нивните клучни играчи кои во наредниот период ќе ги претставуваат во Европа, а тоа е македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски.

Менаџментот на „морнарите“ изработи еден специјален постер со ликот на Војдан Стојановски, на кој доминира македонското знаме. И со напомена дека пред капитенот на нашата репрезентација во овој ноемвркски „прозорец“ се двата меча против селекциите на Италија и на Естонија, како дел од квалификациите за пласман на Евробаскетот 2022 година.



