Во четврт-финалето на КХЛ, еден од дуелите го сочинуваат СКА Ст. Петербург и Динамо Москва.
Денес, двете екипи го одиграа нивниот втор меѓусебен дуел.
Откако првиот натпревар го доби Динамо со 1-4, СКА успеа да се консолидира и да го возврати ударот, славејќи со 1-0.
Единствениот гол на денешната пресметка падна на неполни три минути до крајот, кога Кирил Марченко го совлада Иван Бочаров.
Од редовите на СКА, важна улога одигра голманот Магнус Хелберг, кој го запиша третиот овосезонски шут-аут со 24/24 одбранети шутеви.
📸 Twitter: @hcSKA