Денес, Индија и Англија ја завршија својата интернационална Т20 серија со петтиот меѓусебен дуел во овој формат.
После првите четири пресметки, двете екипи имаа по две победи, а до вкупниот триумф стигна Индија, откако денес славеше со 224/2 (20) – 188/8 (20).
Од англиските фрлачи, никој не ги оправда очекувањата, освен по Бен Стоукс (1-26) и Адил Рашид (1-31), кои освоија по еден викет.
Од друга страна, сите индиски удирачи веа двоцифрени: Сурјакумар Јадав (32), Хардик Пандја (39), Рохит Шарма (64) и Вират Коли (80).
Во вториот ининг, најефикасни Англичани беа Давид Малан и Џос Батлер со 68, односно со 52 поени.
Од Индијците, Шардул Такур (3-45) освои најмногу викети, а најдобра економија имаше Бувнешвар Кумар (2-15).
📸 Surjeet Yadav/Getty Images