
Актуелните шампиони, по шесте врзани победи, денес го запишаа и вториот последователен пораз.
Имено, Авангард Омск, на домашен терен, беше поразен од СКА Ст. Петерсбург со резултат од 1-5.
После првата третина, Авангард целеше кон нова победа, откако Арсени Грицјук погоди за почетно водство од 1-0.
Сепак, од вкупниот 21 удар на СКА во наредните два периоди, дури пет влегоа позади грбот на Симон Хрубец, а стрелци беа Мико Лехтонен, Марат Хуснутдинов, Андреј Кузменко (х2) и Валентин Зиков.
Со новите два поени, СКА изби на врвот на Западот, додека Авангард остана на шестата позиција на Истокот.



