Иван Тричковски има старт од соништата сезонава во кипарски АЕК Ларнака. Вчера неговиот клуб со 1:2 славеше против Анортозис, а Тричко го постигна првиот гол за гостите во 35 минута реализиран од пенал.
Вчерашниот гол беше осми гол сезонава на Иван Тричковски во седмиот настап, што е достигнување достојно за почит.