СКА Ст. Петербург остана во игра за пласман во финалето, откако денес ја намали полуфиналната предност на ЦСКА Москва на вкупни 3-1.
Имено, СКА славеше со ист симболичен резултат од 3-1 во четвртиот меѓусебен натпревар.
Домаќините стрелаа по еднаш во секој период, благодарение на Линден Веј, на Малте Стромвал и на Васили Подколзин.
Од друга страна, единствен хокеар на ЦСКА што го совлада Магнус Хелберг беше вториот најдобар стрелец во плејофот, односно Максим Шалунов, кој во почетокот на третата третина намали на 2-1.
📸 Twitter: @hcSKA



