Ракометарите на Вардар со пораз го завршија натпреварувањето во Лигата на шампионите откако и денеска загубија од Веспрем со резултат 39-30 (полувреме 20-15). Најефикасни кај домаќинот беа Шишкарев и Нилсон со по 6 гола, додека кај Вардар денес најпрецизни беа Стоилов и Дибиров со по 5 гола.



