
По третпат во низа на меѓусебните дуели, СКА Ст. Петерсбург славеше над Нефтехимик Нижнекамск, откако денес победи со 2-0.
На мечот, Нефтехимик беше достоен и конкурентен ривал, кој освен резултатски, не заостануваше во ниту еден друг статистички параметар.
СКА поведе во втората третина со голот од пенал на Кирил Марченко, а вториот погодок го постигна Данила Мојсејев на празна мрежа на седумнаесет секунди пред крајот.
На голот на домаќините стоеше Швеѓанецот Ларс Јохансон, кој дојде до третиот шут-аут во сезоната со 27/27 одбранети шутеви.
Со новите два бода, СКА дојде до третото место на Западот, додека Нефтехимик го зазема седмото место на Истокот.