
Бруталното 118. издание на еднодневниот класик Париз – Рубе, долг 257,7 километри, беше сведено на последниот традиционален велодромски круг.
По брутални услови, во завршен фото-финиш, до првата победа на оваа трка дојде Италијанецот Сони Колбрели (6:01:57), кој воедно е актуелен европски шампион.
Возачот на ,,Тим Бахреин Викториус” стана првиот Италијанец што победил на Париз – Рубе после цели 22 години, односно после Андреа Тафи од 1999.
Во спринтот на финишот, позади Колбрели завршија Белгиецот Флоријан Фермеерш (+0:00) и Холанѓанецот Матје ван дер Пуел (+0:00).
Најнесреќен од цел караван беше четвртопласираниот Џани Москон (+0:44), кој во последните 40 километри, иако беше во водство, мораше да се бори со еден пад и со пукната гума.



