Синсинати Редс им ја отежнаа ситуацијата на дивизиските ривали, Милвоки Бруерс, кога е во прашање влезот во плејофот на МЛБ.
Синоќа, по петте врзани меѓусебни порази, Редс славеа над претставниците на Висконсин со резултат од 2-1.
Најпрво, во вториот ининг, Бруерс поведоа со 0-1 преку дваесет и осмиот овосезонски хоум-ран на Хантер Ренфроу.
Сепак, за домаќините, Алехо Лопез освои четири бази во четвртиот, а во осмиот ининг, пресвртот го комплетираше Спенсер Стир со својот втор хоум-ран во 2022.
Во Националната лига, Милвоки (82-71) го држи седмото место на девет натпревари пред крајот на регуларната сезона, а Синсинати (60-93) е на тринаесеттата позиција.