
Во четвртфиналната фаза од НХЛ, Каролина Хурикејнс поведоа со вкупни 2-0 против Њујорк Ренџерс, откако синоќа ги совладаа со ист симболичен резултат.
Хурикејнс беа за нијанса подобри на ледената плоча и заслужено дојдоа до конечен триумф и до двојно водство во меѓусебната серија.
Стрелци на головите за домашниот состав беа поранешниот хокеар на Ренџерс, Брендан Смит во втората и Себастијан Ахо во третата третина.
Голманот на Каролина, кој исто така настапуваше и за составот од Њујорк, Анти Раанта, го запиша првиот шут-аут во овосезонскиот плејоф со 21/21 одбрани.