
Голден Стејт Вориорс стекнаа предност од 2-0 над Далас Маверикс, откако во вториот полуфинален меч ги совладаа со 126-117.
Вориорс приредија голем пресврт, добивајќи ја четвртата четвртина со 43-32 и на тој начин ги анулираа максималните +19 на своите ривали од првото полувреме.
Од победничките редови, 23 поени постигна Џордан Пул, а Стеф Кари додаде уште 32.
На спротивната страна, втор стрелец со 31 кош беше Џејлен Брансон, а Лука Дончиќ беше најефикасен со 42 поентирања.