Пред само четири кола, ривалите од НФК Запад, Аризона Кардиналс и Сиетл Сихокс, го одиграа еден од најдобрите натпревари во тековната сезона, кој заврши со 37-34 во корист Аризона после продолжение.
Синоќа, истите ривали го отворија единаесеттото коло, на различен стадион, во натпревар со различен исход. Во 44. меѓусебен дуел, Сихокс ја остварија 22. победа и тоа со резултат од 28-21.
Двете екипи синоќа постигнаа по три тачдауни, а разликата се истакна со двата филд-голови и едното ,,сејфти” на Сиетл.
Тачдауните паѓаа наизменично, каде што Ди Кеј Меткалф, Тајлер Локет и Карлос Хајд поентираа за победничкиот состав, додека Кенјан Дрејк, Чејс Арнолд и Ден Едмондс им донесоа поени на Кардиналс.
Со овој триумф, Сихокс (7-3) избија на врвот на НФК Запад, оставајќи ги зад себе ЛА Ремс (6-3) и Аризона Кардиналс (6-4).
Во соработка со НФЛ Македонија



