Актуелните вицешампиони на МЛБ, Тампа Беј Рејс, имаат големи проблеми со Сиетл Маринерс, откако ги загубија сите пет меѓусебни овосезонски пресметки.
Синоќа, Маринерс триумфираа убедливо во Флорида со резултат од 2-8.
Клучен за победата беше третиот ининг, во кој гостите постигнаа 5 поени и им го зададоа клучниот удар на своите ривали.
За Тампа Беј, хоум-ран постигна Ренди Арозарена, а четири бази освои Кевин Кирмајер.
На спротивната страна, топката на трибините ја однесе Тај Франс, а со трчање, освен него, поентираа уште Џеј Пи Крофорд (х2), Митч Ханигер, Кајл Сигер, Абрахам Торо и Џејк Фрејли.
И покрај поразот, Рејс (64-43) останаа на второто место во Американската лига, додека Сиетл (57-50) ја зазема седмата позиција.