
Првото коло на шкотскиот Чемпионшип го затвори 139. дерби на Ершир помеѓу Килмарнок и Ер Јунајтед.
Двете екипи се соочија за првпат после 14 јули 2017, кога Ер славеше со 1-0 во Лига Купот, додека ова беше нивен прв меѓусебен лигашки дуел после 20 март 1993.
На него, по 57. пат во историјата, победата отиде во рацете на Килмарнок, кој славеше со 2-0.
И двата погодоци паднаа во второто полувреме, а нивни стрелци беа Лиам Полворт (56′) и Инес Камерон (86′ од пенал).
За Полворт, кој дојде во ,,Кили” од Мадервел, ова беше дебитантски гол на дебитантскиот лигашки настап во новата средина.
Од друга страна, Камерон потекнува од школата на Килмарнок и го постигна првенецот во матичниот клуб токму против тимот во кој беше на позајмица минатата сезона.



