Исто како во сезоната 2018/19, ЛА Ремс им направија ,,чистка” на Сиетл Сихокс, поразувајќи ги и во двата дивиски дуели.
Во клаузурата на синоќешното петнаесетто коло, составот од Лос Анџелес триумфираше на домашен терен со 20-10.
Ремс поведоа со 3-0 во првата четвртина, по што следуваше серија на Сихокс за 3-10, која беше анулирана со победничката низа на домаќините од 17-0.
Единствени поентери за Ремс беа шутерот Мет Геј и фаќачот Купер Кап (136 јарди), додека кај Сиетл, исто така, во листата на стрелците се запишаа два играчи – Џејсон Мајерс и ДиЏеј Далас.
Од домашните редови, квотербекот Метју Стафорд уфрли 244 јарди од 21/29 комплетирања, два тачдауни и еден пресечен пас.
На спротивната страна, Расел Вилсон имаше 156 јарди од 17/31 прецизни обиди и едно пресечено додавање.
Со новиот пораз, Сиетл (5-9) речиси сигурно ќе остане без плејоф, додека Ремс (10-4) се петтопласирани во НФК.
Во соработка со НФЛ Македонија