
Во рамките на синоќешната НХЛ програма, Сиетл Кракен ги декласираа Аризона Којотес со убедливи 8-1.
Домаќините имаа 25% реализација (8/32) и забија по два гола во првите две, односно уште четири гола во третата третина.
За гостите, единствен реализатор беше Лосон Краус на стартот на вториот период за намалување на провизорни 2-1.
Од противничкиот табор, во листата на стрелците се запишаа Џордан Еберле, Џеред МекКен (х2), Карсон Суси, Вил Борген, Оливер Бјоркстранд, Морган Гики и Рајан Донато.
Во Западната конференција, Сиетл го зазема седмото место, а Аризона остана на тринаесеттата позиција.