
Последната трка од Светскиот куп во санкање, одржана во Ст. Моритц (Швајцарија), беше воедно и Европско првенство во овој зимски спорт.
Со титулата европска шампионка се закити Германката Натали Гајзенбергер (1:48,190), која водеше после двете серии.
На второто место заврши Маделеине Егле (+0,155), која освен вицешампионскиот наслов на ЕП, го доби и вицешампионскиот наслов на Светскиот куп.
Подиумот го комплетираше Летонката Елина Иева Витола (+0,266), а на четвртата позиција заврши Јулија Таубитц (+0,324).
Таубитц го доминираше поголемиот дел од сезоната, а денешните шеесет бодови и’ беа доволни за освојување на кристалниот глобус по вторпат во кариерата.
Во продолжение, Татјана Иванова (+0,663) заврши во топ 5, а под осум десетинки доцнеа уште Елиза Тирума (+0,745) и Ана Берајтер (+0,777).




